Видео: Семејството на Латас има станови вредни 400.000 евра

Семејството на уредникот и пропагандист Драган Павловиќ-Латас има три стана, од кои на два стана вредни околу 240.000 станале сопственици за две години, во 2011 и 2012 година, откри портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Латас на 6 април 2012 година купил стан на Илинденска, во Карпош, од 107 квадратни метри и помошни простории од 6 метри квадратни во вредност од околу 132.000 евра. Една година претходно, неговата ќерка добила подарок стан, односно на 17 февруари 2011 година. Станот има 87 квадрати и помошни простории од 7 квадрати, исто така на Илинденска во Карпош со пазарна вредност од околу 109.000 евра. Очигледно, некој бил многу дарежлив кон ќерката на Латас. За две години Павловиќ се стекнал со станови во вредност од околу 240.000 евра. Тие, пред да дојдат до овие два стана, живееле во општествен стан во Центар. Овој стан од 127 метри квадратни и вредност од 152.000 евра, сега се води на име на сопругата. Ова го прави станбениот фонд на семејството Павловиќ вреден 400.000 евра“, рече Шилегов.

Кликнете на фотографиите за поголеми димензии

Според портпаролот на СДСМ, уредникот на телевизија Сител, е бизнисмен, основач на најмалку пет фирми , во кои според достапната документација, врти по 250.000 во фирма и живее во 4 стана.

„Дел од семејството му се води на адреса на четвртиот стан, што е најверојатно наследство. Дали е ова формулата за опстанок во Република Македонија? Пропагандистички способности во уредувачката позиција и во бизнисот и притоа да сте куќен пријател на премиерот Никола Груевски? Додека мнозинството граѓани плачат во контактни емисии, некој секој ден ги убедува дека Македонија е Швајцарија. Тоа е овој господин уредник на вести и бизнисмен – Драган Павловиќ-Латас“, додаде портпаролот на СДСМ.

Извор и фото Либертас

 

Оставете коментар