Седуммина издавачи од Хрватска добија 276.000 € од ЕУ

Поддршка за 51 превод добија Disput, OceanMore, Sandorf, Fraktura, Naklada Ljevak, Vuković&Runjić и Fibr.

За истата програма, Европските издавачки куќи пак од своја страна, добија поддршка од 12 преводи на современа хрватската литература, и тоа пет преводи на Miljenko Jergović како и преводите на Dubravka Ugrešić, Tatjana Gromača, Ivan Šojat-Kuči, Mirko Kovač, Vedrana Rudan, Lade Žigo и Olja Savičević Ivančević.

Од 2007 до сега, во Македонија се поддржани голем број проекти на издавачите „Три“, „Темплум“, „Профундум“… а „Или-или“ е рекордно поддржана со четири гранта.

Грантовите од Европската унија за овие проекти ги покриваат само трошоците за превод, додека трошоците за печатење ги покриваат самите издавачи или бараат поддршка од Министерството за култура кое покрива дел од нив.

Во изминатите пет години, преку Програмата на Европската унија „Култура 2007-2013“, во Македонија се преведени преку 100 книжевни дела, финансирани од ЕУ со околу 500.000 евра. 

Минималните грантови од ЕУ се 2.000 евра, а максималниот износ е 60.000 евра.

Leave a Reply