Се зголемува бројот на млади пушачи во земјава

Според податоците на Фондот за Здравство околу 27 проценти од младите во Македонија се пушачи. Со овој статистички податок младите во Македонија го надминуваат и меѓународниот просек кој изнесува 22 проценти просек кој постојано се намалува.

Околу 0,1 % од младите признале дека користат опојни дроги. Ова се алармантни податоци кои покажуваат дека Македонците се повеќе подлегнуваат кон овие пороци.

Лекарите апелираат да се избегнуваат ваквите навики за да не се предизвика нарушување на здравјето кај младата популација.

Оставете коментар