Се помалку надеж, Михаел Шумахер има само 45 килограми

Здравствена состојба на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер се подобрува многу побавно отколку што се очекуваше, и како што пренесуваат германските медиуми, дури и неговите најблиски ја изгубиле вербата дека може да се случи некое чудо и да се постигне поголем напредок.

Според најновите информации од Германија, легендарниот возач сега тежи нешто повеќе од 45 килограми, а лекарите не се премногу оптимисти околу неговото закрепнување.

Медиумите велат дека Михаел се уште не е во можност да зборува нормално со членовите на неговото семејство. За негување на Шумахер, на располагање покрај лекари, се грижат и 15 физиотерапевти, но и тие во овие моменти не се од голема помош.

Германецот, да потсетиме, во декември 2013 година, се здоби со тешки повреди на главата додека скијаше во Франција. Неколку месеци ги помина во вештачки предизвикана кома.

Оставете коментар