Со симболични 69 гласа за, СДСМ ни го спопикаа Законот за јазици!

Законот донесен без соодветна процедура и против-уставен

Овој закон го наметнува албанскиот јазик на територија на цела Македонија. Ако досега важеше дека втор службен јазик во општините покрај македонскиот е секој јазик кој го зборува најмалку 20% од населението на локално, општинско ниво (што е одлично и фер), сега албанскиот се наметнува на државно ниво и во општини и места каде воопшто нема албанци (како Радовиш, Делчево, Пробиштип итн…).

Поконкретно тоа значи дека и на местата каде нема ниту 20% Албанци, државните институции се приморани да ги преведуваат сите документи и на албански и да водат коресподенција на два јазика. Веќе се одвоени над 100 милиони денари од буџетот за инспекции кои ќе ловат институции и во Источна Македонија и ќе ги казнуваат. Значи, веќе ни земаа наши, народни 100 милиони денари за да ја спроведуваат оваа небулаза, а ќе продолжат да ни зимаат наши пари кога ќе ги казнуваат државните институции, кои пак ќе отплаќаат со државни (наши) пари и така во круг до повраќање.

Овие измени во законот ги дискриминираат другите малцинства во Македонија, неправедно и неодржано наметнувајќи го албанскиот како службен и онаму каде што нема доволно албанско население на локално ниво, притоа не земајќи ги во предвид другите јазици. Воедно се огромен трошок за Буџетот. Ќе се даваат наши пари за инспекции, агенции за контрола, преведувачи, толкувачи и онаму каде нема НИКАКВА потреба од тоа. Притоа, македонското општетсво од мулти-етничко, полека но, сигурно ќе се претвора во бинационално и ќе имаме паралелна држава, со паралелни институции, архиви, толкувања.

Патем, овој Закон воопшто не е дел од европските реформи и самиот Хан рече дека не е никаков приоритет или фактор за евро-интеграциите. Туку е само локално партиски дил кој СДСМ го прифати за да дојде на власт и сега го отплаќа, а ДУИ за да си собира поени кај своето гласачко тело.
За крај, само крајно НЕПИСМЕНИ луѓе може да го поврзуваат овој Закон со права, слободи или неговото неспроведување со фашизам.

пишува Инес Ефремова, граѓански активист