Само 35 училишта се здобија со спортски сали наместо најавуваните 145

До крајот на годинава предвидено е топки да се стркалаат во уште две училишта-велат надлежните од Министерството за образование и наука.

Реши ја равенката, одговори на прашањето, преведи ја реченицата. Ова често се слуша на часовите по физичко воспитување во училиштата кои сеуште немаат спортски сали во кои би се одржувала наставата по овој предмет. Па така наместо за спортски активности овие часови се користат за да се надополни изгубеното по другите ”поважни” предмети. Сеуште стотина основни и средни училишта ги чекаат долгонајавуваните спортски објекти од мега проектот 145 спортски сали .

Повеќе прочитајте овде…

Оставете коментар