Рузвелт: Не можеме само да земаме, мораме и да даваме

Сигурен сум дека моите сограѓани очекуваат дека по именувањето на претседателската функција ќе им се обратам искрено и одлучно, како што моменталната ситуација на нашата нација и наложува. Ова е пред се време во ое мораме да ја кажеме вистината, целата вистина, отворено и храбро. Не смееме да отстапиме од поштеното соочвање со состојбата со која нашата држава денес со соочува. Оваа голема нација ќе издржи, како што и порано издржувала, ќе оживее и ќе просперира. Поради тоа, најнапред дозволете ми да го изразам своето цврсто уверување дека треба да се плашиме единствено од самиот страв – безимениот, неразумниот, неоправданиот терор кој ги парализира потезите неопходни за претворање на повлекувањето во напредување. Во секој мрачен момент на нашиот национален живот, водството со отвореност и живост се сретнувало со разбирањето и подршката на народот, што е клучно за победа. Убеден сум дека и во овие критични денови ќе продолжите да го подржувате ншето раководство.

Со таков дух, од моја и ваша страна, ќе се соочиме со заедничките потешкотии. Тие се однесуваат, му благодарам на господа, само на материјални работи. Вредностите се намалени до неверојатни стапки; даноците пораснаа, а нашата платежна моќ падна; Владата во своите облици е соочена со недостатоци на приход; средствата за размена се замрзнати во пазарните движења; свенатите листови на индустриското производство лежат на сите страни; стопанствениците немаат пазар за своите поризводи; повеќегодишните заштеди на илјадници семество исчезнаа. Уште поважно, легија од невработени граѓани со соочува со мрачниот проблем на егзистенција, а еднакво голем број црнци работат за мали надници. Само будалите оптимисти можат да ја негираат реалноста на овој момент. 

Но нашата верба не произлегува од суштинските неуспеси. Во споредба со опасностите кои нашите предци ги совладале затоа што верувале и не се плашеле, и понатаму имаме многу на што можеме да бидеме благодарни. Природата и понатаму ни ги нуди своите изобилија, а човековиот труд тоа ќе го умножи. Изобилието е пред нашите врати, но неговото великодушно користење исчезнува веќе на првото спомунвање на набавувањето. Примарната причина за тоа е неуспехот на оние кои владеат со размената на човековите добра, нивната тврдоглавост и неспособност, поради што мораа да го признаат поразот и да се повлечат. Праксата на бескрупулозните трговци со пари е осудена од судот на јавното мислење, одбиена од срцата и умовите на луѓето.

Пробаа, но нивниот труд е обликуван по примерот на одамна истрошените традиции. Соочени со пропаст на кредитите, предложија само позајмување на уште пари. А kога профитот со кој го мамеа нашиот народ да го следи нивното лажно раководство стана непривлечен, се сврте кон убедување, низ солзи молејќи за обдновување на довербата. Тие ги познаваат само правилата на самодоволност. Немаат визија, а без визија народите исчезнуваат. Трговците со пари избегаа од своите ложи во храмот на нашата цивилизација. Сега можеме тој храм да го обновивме во склад со древните вистини. Мерката за обнова лежи во опсегот во којќе ги примениме социјалните вредности, поплеменити од простиот монетарен профит.

Среќата не е само во поседувањето пари; таа лежи во радостите на постигнувањето, во возбудата на креативната работа. Восхитувањето и моралната стимулација не смеат повеќе да останат заборавени во лудиот лов на непостоечки профит. Овие мрачни денови ќе бидат вредни за секоја цена ако не научат дека нашата вистинска судбина не е други да не служат, туку ние самите да се служиме себе си и блиските околу нас.

Препознавањето на лагите дека материјалното добро е стандард за успех оди рака под рака со напуштањето на лажните убедувања дека државната служба и високите политички позиции треба да се ценат само според стандардот на моќ и личен профит; мора да се стави крај на однесувањето во работењето кое многу често му дава на светот доверба во облик на бесчувствителни и себични недела. Не е чудно што довербата исчезнува, бидејќи таа се гради врз чесност, врз чест, врз светоста на ветувањето, на верната заштита, на несебичната работа; без нив довербата не може да живее. Реставрацијата, меѓутоа, бара само промена во етиката. На оваа нација и треба акција, и треба акција веднаш.

Нашата главна задача е на луѓето да им најдеме работа. Ова не е нерешлив проблем, ако со него се соочиме мудро и храбро. Може делумно да се постигне преку државно запослување, ако го третираме како што би ја третирале вонредната воена состојба, но истовремено преку таквото запослување мораме да започнеме проекти кои се потребни да би ги стимулирале и реорганизирале користењето на природните ресурси.

Истовремно мора да ја препознаеме неурамнотеженоста на популацијата во нашите инудстриски центри, и преку редистрибуција на национално ниво да осигураме подобро користење на земјата за оние кои се за тоа најспособни. Оваа задача може да се помогне со трудот на подигање на вредностите на земјоделските производи, со што ќе ја зголемиме и способноста за купување на производите во нашите градови. може да биде помогната со соединвање на активностите на државната помош кои денес често се разделени, неекономски и нееднакви. Може да биде помогната со национално планирање и надзор на сите видови превоз, комуникации и останати комунални услуги кои дефинитивно имаат јавен карактер. Постојат многу начини на кои оваа задача може да биде помогната, но тоа сигурно не е можно ако за тоа само зборуваме. Мораме да делуваме.

Нашиот напредок насочен кон придвижување на пазарот на труд бара две сигурносни заштити кои ќе оневозможат враќање на старото движење; мора да постои строг надзор на сите банкарски работи, кредити и инвестиции; мораме да ставиме крај на шпекулациите со туѓи пари, и мора да постои одредба за соодветна, но стабилна валута. Тоа е планот за напад. Од овој Конгрес веднаш ќе барам на посебна седница да донесат мерки кои ќе овозможат исполнување на овој план и ќе барам итна помош од неколку федерални држави.

Низ оваа програма се обврзувам дека ќе воведиме во својата куќа ред и ќе ги избалансираме сметките. Нашите меѓународни трговски односи, иако се многу битни, во овој момент се секундарни наспроти нужноста од воспоставување на цврста национална економија. Фаворизирам практична политика на одредување на приоритетите. Нема да штедам сили при обновување на светската размена во склад со промените во меѓународната економија, но кризната ситуација со која со соочуваме дома не може да чека.

Основна мисла водилка на овие специфични средства за национална обнова не е национализмот туку инсистирањето на меѓузависност на различните елменти во сите делови на САД – препознавање на старата но еднакво битна манифестација на американскиот пионерски дух. Тоа енашиот пат кон заздравување. Тоа е патот на кој ќе тргнеме сега веднаш. Тоа е најјакото осигурување дека заздравувањето ќе биде успешно.

Во полето на меѓународната политика, ќе се посветам на политика на добар сосед – соседи кои ќе ги почитуваат своите и правата на другите – соседи кои ги почитуваат своите обврски и ја почитуваат светоста на своите договори со целиот свет.

Сега ни е јасно дека како никогаш порано, зависиме едни од други; неможеме само да земаме туку и да даваме; ако сакаме да одиме напред, мораме да се движеиме како добро извежбана војска, спремни на жртва за доброто на општата дисциплина, бидејќи без дисциплина нема напредок, нез неа ниту едно раководство не може да стане ефикасно. Знам дека сме спремни и сакаме да ги посветиме своите животи и имоти на таквата дисциплина, бидејќи тоа овозможува раководство чија цел е општото добро. Ова е мојата понуда, со ветувување дека целите ќе не поврзат во единството како света должност до сега својствена само во времињата на вооружени судири. Со оваа заклета без резерва го превземам водството над оваа моќна армија наши луѓе посветени на дисциплиниран напад на нашите заеднички проблеми.

Постапувањето на овој начин и со воаа цел ни овозможува облик на владеење кој го наследивме од нашите предци. Нашиот Устав е така едноставен и практичен што секогаш е можно невообичаените потреби да се исполнат со едноставни промени во нагласувањето и движењето, без губење на есенцијалната форма. Поради тоа нашиот устевн состав докажа дека може да се носи со политичките механизми кои современиот свет ги произведе. Поднесе искушенија од големата територијална експанзија, војни, светски односи.

Се надеваме дека нормалната рамнотежа на извршната и легислативната власт ќе биде во целост соодветна за соочување со неизбежните задачи кои се пред нас. Но можно е и неизбежните барања и потреби од неодговорни акции да бараат и приремно оддалечување од нормалната рамнотежа на јавните процедури. Спремен сум, по својата уставна должност, да предложам мерки кои погодената нација сред погоден свет може да ги бара. Ќе барам, во склад со своите уставни овластувања, брзо прифаќање на сите овие мерки, како и други мерки кои можат да произлезат од мудроста и искуството на Конгресот. 

Но доколку Конгресот одбие да тргне по патот кој го зацртавме, а во случај на национална криза, нема да го одбегнувам јасниот курс на должноста со која ќе бидам соочен. Ќе го барам од Конгресот единствениот преостанат инструмент за соочување со кризата – широка извршна моќ за да започнам војна против вонредната состојба, еднакво голема како моќта која би ми била доделена ако навистина не нападне надворешен непријател. За довербата која ми ја давате ќе возвратам со храброст и посветеност што му одговараат на ова време. Не можам да направам ништо помалку. 

Со напорните денови кои се пред нас ќе се соочуваме преку топлата храброст на националното единство; со јасна свест во потрага по старите и драгоцените морални вредности; со чиста сатисфакција која поризлегува од цврстото извршување на должностите и на постарите и на помладите. Американскиот народ не потфрли. Во својата потреба и дадоа мандат на директната, силна акција. Бараа дисциплина и понизно раководство. Од мене направија инструмент на своите желби. Го примам како подарок.

Во ова обрќање кон нацијата понизно барам благослов од Бога. Нека го заштити секој од нас. Нека ме води низ црните денови кои се пред нас.

 

 

 

Извор: 6uka.com

Превод: Попова

 

Оставете коментар