Росоманската праска се откупува за 20 денари

Како што информираат од општината Росоман, најголем дел од праските се извезени во Русија, Полска, Украина и Белорусија. Голем дел од родот заминал и во поранешните југословенски републики.

Во тек е берењето на праските од најзастапените сорти „голд хевен“ и „фантазија“ од нектарините. 

И се би било во ред доколку и откупните пунктови би работеле со полна пареа. За жал ситуацијата на терен вели дека се препопловени откупувачките капацитети на откупувачите од причина што е наметната голема конкуренција на рускиот пазар каде што најголем дел од росоманската праска и се извезува. Според овоштарите, квалитетот на праските е извонреден, меѓутоа цената од 20 денари за килограм е застрашувачка.

Соседна Србија има една од најдобрите реколти на производство на праска, приближно 70 000 тони. Околу 80% од извозот, Србија го пласира на рускиот пазар.  Црна Гора, Молдавија и Романија, исто така најголемиот дел од производството на праска го извезуваат на рускиот пазар. Оттука и откупните пунктови работат со половина капацитет. Откупувачите велат дека главен проблем за намалениот откуп е конкуренцијата што се појавила на странскиот пазар, пред се’ на рускиот, каде што во најголем дел заминуваше росоманската праска.

Оставете коментар