Ромите не ги пуштаат во Аква паркот

Неколку млади Роми вчера не биле пуштени да влезат во Аква паркот, бидејќи вработенте им рекле дека претходните денови некои други Ромчиња дивееле во објектот.

Се стремиме кон ЕУ, но во европските земји ако некој дивеел и правел проблеми тој ќе биде казнет за неговото однесување, но ние сме се уште стереотипна држава. Прашањето е дали доколку некои млади Македонци дивееле во Аква паркот повеќе нема да пуштаат ниту еден Македонец?!

Замислете да дошол Субрата Рој со синовите кои имаат и македонско државјанство, а вработените во Аква парк да не ги препознаат и да помислат дека се обични Роми кои цел ден собираат шишиња и картони, чистеле шофершајбни, проселе за да направат пари да си платат влез во Аква парк. Па тоа би било скандал за нашата држава, тогаш ни Есма Реџепова нема да помогне со своите песни да го расположи Субрата Рој. Тоа ќе биде крај за инвестициите во Љубаништа и Џумајлија.

Се прашувам дали на Македонија и требаат нови протести, запалени автомобили и коли, па дури тогаш од Владата, министерствата и Народниот правобранител да видат дека во државата живеат и Роми. Секако дека не треба да се случат такви работи, но ако не се превземат некои конкретни чекори и во иднина да не се повтори таквиот немил настан секако дека Ромите ќе бидат принудени на некој начин да го изразат својот револт и да го слушнат нивниот глас и претпоставените во земјава, но и од ЕУ.

Се надевам дека претпоставените ќе имаат слух за овој немил настан и ќе превземат конкретни чекори и ќе реагираат соодветно како што реагирале кога на македонско – грчката граница не пуштаа некои Македонци да ја поминат границата за да одат во Грција, иако тоа е законско право.

Се уште се применува и не е искоренет познатиот парол од пред неколку години кога беше истакнато дека за „кучиња и за цигани е забранет влез во базен“. За оваа случка во социјалните мрежи се вртат многу коментари и осуди за настанот од многу невладини организации, од општината Шуто Оризари и Роми интелектуалци.

Извор Либертас

Оставете коментар