“Riblja Corba” бара 7.000 евра, “Carl Cox” 60.000 евра за да гостува на “Тиквешкиот Гроздобер”

Дека музичкиот бенд “Парни Ваљак” ќе гостува на овогодинешната манифестација “Тиквешки Гроздобер”, официјално потврди и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, на еден од локалните медиуми. Манифестацијата трае три дена, а граѓаните од општина Кавадарци се нестрпливи околу конечниот избор на изведувачите за останатите два дена.

И додека шпекулациите и чаршиските муабети “одат како алва”, ви претставуваме листа од неколку познати изведувачи како и нивните хонорари за услугите за присуство на оваа манифестација. Оваа листа е изработена на барање на локалната самоуправа Кавадарци. Листата е подготвена од агенцијата “Иноватива Груп” од Скопје. 

 

Премиум Артисти

1. The Prodigy – 150.000 до 200.000 евра

2. Carl Cox – 60.000 до 70.000 евра

 

Светски и Европски познати DJ…

1. Nicky Romero – 50.000 евра

2. Martin Solveig – 40.000 евра

3. Nervo – 40.000 евра

4. Erick Morillo – 35.000 евра

 

Артисти и изведувачи од Балканот:

1. Divlje Jagode – 6.000 евра

2. Riblja Corba – 7.000 евра

3. Crvena Jabuka – 5.000 евра

4. Prljavo Kazaliste – 12.000 евра

5. Hari Mata Hari – 9.000 евра

 

Тука се и турбо-фолк изведувачите:

1. Aca Lukas – 15.000 евра

2. Natasha Bekvalac – 6.000 евра

3. Tanja Savic – 5.500 евра

Оставете коментар