Реакција од компанијата “Дрекслмаер” до редакцијата на порталот “Мојотград”

Во контекст на текстот објавен на порталот “Мојотград” каде беше споменато дека “ДРЕКСЛМАЕР” добива по 3.000 евра од државата за секој вработен и дека вработените имаат по 15 минути пауза за ручек, и дека на еден работник му се потребни најмалку 5 минути за да оди до ресторанот, 5 минути да чека во ред и 5 минути за да јаде, и каде на работниците им било дозволено да имаат по најмногу 10 минути пауза, со реакција се јавија од оваа странска инвестиција. Како транспарентен и објективен медиум, во целост го објавуваме дописот до нашата редакција:

“Почитувани,
Со цел Вашите читатели да добијат квалитетна и прецизна информација, Ве молиме да ја објавите следната реакција на ДММ на неточните наоди објавени на Вашата Веб-страница.

 – ДММ не добива субвенција од државата од 3,000 Евра за секој нов вработен
 – ДММ е најголемиот работодавач во Македонија со конкурентни плати и надстандардни работни услови, идентични како и во било која друга Дрекслмајер фабрика низ светот.
 – Коментарите од така наречените “експерти” се идентични со интересните групи кои сакаат Македонија да ги изгуби овие работни места и покажува дека за некои е за жал подобро 4,500 вработени да останат без своите работни места.

Ви благодариме на разбирањето.”

Оставете коментар