Религиозноста и економската нееднаквост: Зошто елитите сакаат да верувате во Бог

Објаснувањето кое се наметнува само по себе упатува на економско богатство. И навистина, рекордерите по распространетост на атеистичкиот поглед на светот – Шведска, Норвешка, Јапонија, германија – спаѓаат во економски и технолошки високо развиени земји. Во друштво со нив, меѓутоа, набљудувано од страна на нерелигиозноста, би се нашла и неспоредливо послабо развиената економски и технолошки Северна Кореја. Од друга страна, Северна Америка, како една од најбогатите и технолошки најнапредните држави во вестот, би се вброила во земјите како што се Филипини, Бурма и Кенија.

Некои од нелогичностите можат лесно да се објаснат. Високиот процент на атеисти во Северна Кореја или Виетнам спаѓа во она што истражувачите го нарекуваат принуден атеизам – нерелигиозност како компонента на владеачката идеологија. На ист начин може да се објасни и високиот процент религиозни луѓе во богатите држави како што се Кувајт или Обединетите Арапски Емирати, каде непочитувањето на официјалната религија строго се казнува.

Меѓутоа, не е се така едноставно. Според степенот на економски развој, помеѓу САД и Канада нема битна разлика. Мерено преку атеизмот, Америка е на крајот, а Канада меѓу првите десет на листата. Истото важи и за Полска и Чешка, земји кои освен сличните економски параметри ги поврзува и низа културно – историски сличности.

Значи, зошто земјите со исто ниво на економски развој и слични културни модели меѓусебно се разликуваат по религиозноста / атеизмот? Клучниот збор е: економската нееднаквост.

Економската нееднаквост и религиозноста

Најпросто речено, економската нееднаквост ја претставува разликата во приходите меѓу богатите и сиромашните. Иако може да се однесува и на јазот во економското богатство меѓу државите, во контекстот на распространетост на религиозноста во едно општество економската нееднаквост се набљудува како јаз во распределбата на богатството, односно диспаритет во приходите меѓу богатите и сиромашните поединци и/или групи внатре во иста заедница.

Како и зошто јазот меѓу богатите и сиромашните може да биде поврзан со религиозноста?

За да се одговори на ова прашање, британскиот социолог Томаз Риз го пресметал Џини коефициентот, стандардна статитстичка мерка за економска нееднаквост, за 67 држави со различен степен на економски и технолошки развој. Потоа за секоја од овие земји го пресметал и индексот на религиозноста – силата на религиските убедувања на верниците, операцинализирана како број на молитви во текот на денот.

Ризовата статистичка анализа покажала силна корелација меѓу двата индекса: степенот на религиозност е поголем во земјите со подлабог економски јаз меѓу богатите и сиримашните. Секако, се поставува прашањето зошто е ова случај.

Риз економската нееднаквост ја интерпретира како мерка, односно показател на (не)сигурноста. Имено, освен со степенот на религиозност, неговиот индекс на нееднаквост покажува висока корелација со факторите кои социолозите стандардо ги сметаат за маркери на социетална несигурност: средното очекувано траење на животот, стапката на смртност на новороденчињата, степенот на корупција, стапката на општ криминалитет, бројот на убиства …

Иако корелацијата меѓу две појави не значи дека меѓу нив постои или мора да постои причинско – последичен однос, Риз, по примената на стандардните статистички методи за елиминирање на случајните корелации, заклучил дека меѓу економската нееднаквост и религиозноста постои каузитет. Но, што е на што причинител?

Една од можностите е дека религиозноста – или некој од нејзините компоненти – директно или псоредно ги влошува клучните аспекти на личната несигурност. Примерот на САД може да биде добра илустрација во тој поглед: Републиканската партија, политичка сила со голема подршка меѓу гласачите кои се идентификуваат како многу религиозни, се противи на воведувањето на бесплатно здравствено осигурување, инсистира приватизација на школскиот систем, се залага за ослабување на социјалната улога на државата, што се фактори кои го зајакнуваат или слабеат личното доживување на извесноста/сигурноста.

Друго, интуитивно поприфатливо објаснување би било дека личната несигурност води во религиозност. Имено, зборувајќи генерално, земјите со поголем бруто домаше производ по глава на жител имаат помал удел на верниците во вкупната популација. Истовремено, тоа се земји чии граѓани можат да сметаат на добар стандард на здравствената заштита, осигурување во случај на губење на работата, надоместок во случај на несреќа или елементарна непогода и сл.

Секако, постои и трета опција. Каузалноста, имено, може да тече во две насоки, во облик на растечка спирала, што покажува дека двете причинско последично поврзани појави – во овој случај, економската нееднаквост и религиозноста – меѓусебно се зајакнуваат.

Ризовата студија помага да се разјаснат некои од парадоксите, како што е прашањето зошто богатите земји како САД според критериумите на религиозност спаѓа во земјите од Третиот свет. Ако клучот, како што сугерира Риз, не е во националното богатство како такво, туку во (не)правичната негова распределба, тогаш “американскиот случај” престанува да биде така мистериозен. Имено, во споредба со приближно еднакво економски развиените земји на северот и западот од Европа, Америка се одликува со значајно подлабок јаз меѓу богатите и сиромашните.

Исто така, Ризовата студија отвори можност да се одговори на уште едно прашање: зошто религиозноста, која на индивидуален план има просоцијален ефект, е позастапена во нездравите општества, кои се одликуваат со понизок степен на слобода, поголема стапка на криминалитет, поголема стапка на морталитет на новороденчињата и трудниците … ? Најкратко, личната вера може да биде одговор на овие социјални болести, при што големиот број верници на ниту еден начин не влијае на нивно “лечење”.

Општественото здравје и религиозноста

Ризовото истражување се потпира на две студии кој во 2005 и 2009 година ги објави американскиот истражувач Пол Грегори, автор на конструктот за социјално здравје

За потребите на првобитната студија, грегори развил скала на оптествена успешност, на која се нашле параметри како оние кои Риз ги користел како показатели за економската нееднаквост: средното очекувано траење на животот, општата стапка на криминалитет, стапката на убиства и насилни злосторства …

До истражувањето од 2009 година, неговиот мерен иструмент за општествено здравје опфаќал 25 фактори, вклучувајќи го и доходот по глава жител, стапката на вработеност, индексот на сиромаштво, стапката на смртност на новороденчињата и децата, бројот на малолетничка бременост и абортус, потрошувачката на алкохол по глава жител, стапката на разводи, просечното траење на бракот до развод, големината на затворската популација …

Врз база на овие 25 параметри, Грегори, користејќи ги националните и меѓународни статистики, на својата скала за општествена успешност рангирал 17 демократски, економско развиени земји; освен европските, во неговиот примерок се нашле САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија. Потоа, повторно користејќи ги резултатите на националните анкети и статистиката на меѓународните организации, за секоја од овие земји го пресметал индексот на религиозност, мерен со процентот на жители кои “буквално и веруваат на Библијата”, “одат во црква барем неколку пати месечно”, “веруваат во рај и пекол”, “веруваат во живот после смрт” …

Погодувајте, два показатели се во тесна корелација: колку е општеството помалку успешмо (поболно), толку е порелигиозно

Несигурноста и религиозноста

Истражувањата на Грегори не се мотивирани од потрагата за причинско – последична врска меѓу различните каркактеристики на едно општество и степенот на религиозност на неговите членови. Идеата била да се расветли прашањето за варијација во степенот на религиозност меѓу државите и/или општествата со ист степен на социоекономски и културен развој. Со прашањето за факторите кои влијаат на крајните стапки на религиозност во едно општество, односно причината за религиозност, две години по втората студија на Грегори во 2011 година, се занимавал Најџел Барбер. 

Тргнувајќи од теоријата која коренот за распространетост на верувањето во Бог го гледа првенствено во социоеконмската нееднаквост меѓу богатите и сиромашните, Барбер својата студија ја осмислил како тест за две меѓусебно поврзани хипотези:

Хипотеза на несигурноста: Религијата помага луѓето психолошки да ги пребродат тешките и непредвидени ситуации.

Хипотеза на егизстенцијалната сигурност: Луѓето во економски и технолошки напредните општества имаат поголема контрола над екстерните, средински фактори на несигурноста, и како резултат на тоа се помалку религиозни.

Запознат со истражувањата кои недвосмислено покажуваат дека самиот економски развој и националното богатство не се секогаш во корелација со нискиот степен на религиозност, Барбер предвидел дека помала распространетост на верувањето во Бог ќе се сретне/измери во општествата во кои не постои длабок јаз меѓу богатите и сиромашните, а постои висок степен на сигурност во задржувањето на работното место и стабилни приходи, пристап до здравствена заштита …

За потребите на својата студија, Барбер прибрал податоци за еконосмката развиеност на 137 земји. Покрај стандардните параметри, како што се доходот по глава на жител, просечната заработувачка и степенот на вработеност, во анализата е вклучена упте цела низа показатели: еднаквоста во дистрибуцијата на богатството/приходот, населението опфатено со задолжително образование, процентот на жители со највисок степен на образование, процентот на жители кој живеат од земјоделие …

Паралелно, врз основа на националните статистики и меѓународните прегледи, Барбер за секоја од 137-те земји вклучени во анализата пресметал и индекс на религиозност, дефиниран како “процент на жители кои не веруваат во Бог”. 

Барберовите предвидувања биле потврдени: религиозноста поголема во исламските, а пониска во комунистичките земји; опаѓа со падот на уделот на населението кое живее од земјоделие и со растот на процентот на оние кои имаат највисок степен на образование; помала е во земјите со добри системи на здравствена заштита и еднаква распределба на богатството.

За жал, поради пропустот кој барбер го направил во статистичката анализа, ниту од неговата студија не може да се заклучи дали економската нееднаквост предизвикува религиозност. 

Секој од показателите на економскиот и технолошкиот развој кои авторот ги земал во предвид навистина е во корелација со распространетоста на религиозните уверувања во дадено општество. Проблемот, меѓутоа, е што помеѓу поединечните параметри на сигурност, како и меѓу варијабилите религиозност/атеизам исто така постои корелација. Со други зборови , од неговата анализа не може да се види дали било кој поединечен показател на економската несигурност самостојно има ефект на растото на религиозноста.

Генерално, ваквите интер – корелации произведуваат уште поголем проблем: негативната кореалција меѓу распространетоста на атеизмот и економската нееднаквост (помалку атеисти во општествата со поголем класен јаз) не дава одговор на прашањето дали луѓето се свртуваат кон Бог поради класната нееднаквост или пак економската нееднаквост е знак на лошо здравје, кое тогаш пак ги наведува луѓето да се свртат кон Бог.

Религија: бичот на моќта во рацете на елитата – утеха за потчинетите

Со внимателна наализа на податоците, група истражувачи од Универзитетот во Јужен Илиноис, предводена од социологот Фредерик Солт, успела е да ги заобиколи препреките карактеристични за Барберовите и претходните студии за религиозноста. 

Нивната студија, “Економска нееднаквост, релативна моќ и религиозност”, се зема како пример за досега најрелигиозниот тест на хипотезата за несигурност и потврда дека причинко – последичниот однос меѓу економската нееднаквост и религиозноста потекнува од нееднаквоста према верувањето во Бог.

Солт и соработниците тргнале во истражување со три прашања на ум:

1. Дали економската нееднаквост навистина е поврзана со степенот на религиозност?
2. Ако таква врска постои, зошто е тоа случај: Дали луѓето кои живеат во нееднакви општества помасовно посегнуваат за вера во Бог?
3. Ако одговорот на претходното прашање е потврден, дали тоа значи дека нееднаквоста промовира религиозност, или пак религиозноста на некој начин ја продлабочува економската нееднаквост?

Со нивната анализа опфатени се 76 земји со различен степен на економски и технолошки развој и различни културни матрици. За секоја од нив, авторите пресметале индекс на нееднаквост (мерен со Џини Коефициентот) и индекс на религиозност, за чија пресметка користеле 12 показатели на силата на религиски убеувања: верата во Бог, верата во задгробниот живот, рај и пекол и тн.

Прво откритие: сите 12 параметри на религиозноста стојат во позитивна корелација со индексот на економска нееднаквост.
Повеќекратната анализа на националите статитстики на земјите земени за набљудување и резултатите од анкетните истражувања на населението на секоја од нив посебно, го покажала следното:

1. Постои јака врска меѓу нивото на развиеност и степенот на религиозност.
2. Муслиманските земји се одликуваат со највисок степен на религиозност. После нив се католичките и православните, во кои религиозноста е изразена повеќе отколку во протестантските. Најмалку религиозни има во комунистичките и посткомунистичките земји.
3. Економската нееднаквост силно поттикнува религиозност, независно од висината на просечниот приход за дадена земја.
Најинтересно откритие: во општествата кои се одликуваат со поголема економска нееднаквост, и богатите и ситомашните се порелигиозни отколку во еднаквите општества. Според сите параметри на религиозност, како во општеството се зголемува нееднаквоста, религиозноста меѓу богатите расте повеќе отколку меѓу сиромашните. 

Последното ја потврдува веќе познатата хипотеза за тоа зошто нееднаквите општества се религиозни. Позната како теорија на депривација, таа сугерира дека сиромашните граѓани во земјите кои се одликуваат со економска нееднаквост – во Бог бараат утеха и надеж. Меѓутоа авторите формулираат дополнителна хипотеза, теорија на релативна моќ, која вели дека со растот на нееднаквоста во едно општество, расте и религиозноста на богатите, кои верата ја прифаќаат со цел да ја прошират на депривилегираните слоеви и да ги задржат освоените привилегии. Со други зборови, наместо да прифатат редистрибуција на богатството, елитата се свртува кон религијата, ја шири на сиромашните слоеви од населението, пренасочувајќи ги нивните интереси од материјаното на суптилното.

Конечно, Слот и соработниците пробале да проникнат во суштината на врската меѓу нивото на религиозност и длабочината на јазот меѓу богатите и сиромашните во едно општество. Значи, што е причинител на што?

За да одговорат на ова прашање, авторите направиле анализа на движењето на религиозноста во САД, во периодот од 50-тите години на минатиот век до 2005 година. Во набљудуваниот период, според графиконот прикажан во студијата, религиозноста на Американците доживеала значајни флуктуации. Потоа иста таква анализа направиле и во однос на економската нееднаквост. Конечно, применувајќи го методот на векторска авторегресија, биле во состојба да утврдат дека вредноста на едниот или другиот параметар во одереден момент делува на вредноста на оној другиот параметар во некој момент во иднина. Просто речено, можеле да утврдат дали флуктуациите во индексот на религиозност претходат или следат на флуктуациите во индексот на нееднаквост.

Заклучоците се следните:

1. Растот на нееднаквоста во една година е следен со раст на религиозноста во наредната
2. Врз основа на индексот на религиозност во минатото не може да се предвиди вредноста на индексот на нееднаквост во иднина.
3. Од таму, религиозноста е одговор на нееднаквоста, а не обратно.

Уште еден битен увид до кој дошле Слот и соработниците: држењето на економскиот јаз на фиксно ниво, со истовремено обезбедување на раст на бруто домашниот производ, ќе делува на пад на индексот на религиозност во иднина. Кратко и јасно: подигањето на стандардот води кон пад на бројот на религиозни жители.
 

 

Извор: akuzativ.com

Превод: Попова

 

Оставете коментар