Разбудете се !!!

Животот не е тежок, ние го правиме таков. Во нас постои нешто драгоцено, некој скапоцен камен. Кога барем тоа би го откриле..!
Големата трагедија на животот не е во димензијата на нашите страдања, таа е во димензијата на она што го губиме !

Човечките суштества се раѓаат успани, живееат спиејќи и умираат спиејќи. Понекогаш не се раѓаат успани, се раѓаат будни, меѓутоа кога ќе го развијат мозокот, паѓаат во сон… Прават деца во сон, ги одгледуваат во сон, во сон се занимаваат со големи работи, на власт се качуваат спиејќи, умираат успани. Со еден збор, живееме во пијана лажност. Како да сме хипнотизирани, како да сме дрогирани ! А, не знаеме што губиме !

Како да излеземе од тој круг ? Како да се разбудиме?

Само со разбирање, ослободувајќи се од илузиите и погрешните идеи. Разбирањето, подготвеноста, ширината, отвореноста за новото гледање на работите, тоа е спасот.

Сега вака, замислете дека на некое дете му е дадено да проба дрога. Како што расте, целото негово тело станува зависно од неа. Кога е без дрога, тоа во него предизвикува ужасна болка, та дури посакува и да умре.

Јас и Вие, исто како и детето, сме ја пробале таа дрога која се вика докажување, успех, прифатеност, популарност, углед. Кога еднаш ќе ја пробате дрогата, тогаш општеството може да ве контролира, така стануваме роботи, марионети на општеството, на власта.
Затоа разбудете се!

А сега да размислиме малку за политичарите. Често тие воопшто и не гледаат на нас останатите луѓе. Тие ги гледаат само гласовите што ние можеме да им ги дадеме на изборите. Кога ние не би ја претставувале ниту подршката, ниту загрозеноста на нивниот успех на изборите, за нив не би ни постоеле.

Затоа мораме да им се спротивставиме на искушенијата на овој систем. До срж сме навлегле во нив. Кога ќе успееме во тоа, сè ќе остане исто, но затоа ние ќе ја оствариме сопствената слобода. Ќе останеме во светот, но повеќе нема да му припаѓаме.

Знам дека е тешко. Тоа е кога би му кажале на наркоман: Зошто не изедеш некој добар и хранлив оброк, да се напиеш свежа вода од извор и да се надишеш чист утрински воздух ? Тргни се од дрогата !

Како да се ослободиме од сето ова ?
Потребно е да се соочиме со вистината, потребно е да се разбудиме од деветогодишниот сон.
Време е, разбудете се !!!

Оставете коментар