Работи во кои веруваме а не се вистина

Громот не удира во едно место два пати: Иако сите сме ја слушнале оваа изрека по милион пати, таа всушност е неточна. Штом Empire State Building е погодена над 25 пати годишно, не е проблем било кое друго место да биде погодено повеќе пати.

Поздрави се производите без хемикалии: Всушност, не постои нешто што нема хемикалии во него. Сè што допирате е направено до хемикалии, вклучувајќи ја и водата, воздухот, тревата, песокот и што ли уште не. Природното не е секогаш еднакво со сигурно, а тоа може да го потврдат змиските отрови, медузите и постоењето на азбест кој е опасен по здравјето.

Домашната прашина е составена од човечката кожа: Ова тврдење е потполно неточно, затоа што композицијата на домашната прашина зависи од тоа каде живеете. Таа може да биде мешавина од градежни материјали, ткаенини, билни влакна, полен…

Заради бричење влакната се поцврсти: Влакната се мртво ткиво и затоа начинот на нивното отстранување не влијае врз нивниот облик и големина.

Косата и ноктите растат и по смртта: За косата и ноктите да растат, фоликулите би требало да бидат живи. А како и сите останати клетки во телото, така и овие умираат штом настапува човечката смрт.

Премногу е студено за да врне снег: Всушност, никаде на светот не може да биде толку ладно за да не падне снег. Метеоролозите знаат дека може да снежи насекаде во светот, дури и на Антарктикот каде што е -90 степени. Само на апсолутната нула не може да паѓа снег, што значи дека ова тврдење е докажано како сосема неточно.

 

 

Оставете коментар