Психоанализа, страв и политика

Според Фројдовиот концепт дека секое општество е изградено врз одрекување од страстите, првенствено сексуално – еротските, германскиот критички теоретичар по право и политика, Франц Нојман, заклучува дека во процесите на социјализација и нормирање на општествените односи љубовта била заменета со репресија (потсинување), што за последица има фобична реакција – страв. “Одрекувањето од страстите и културната тенденција на ограничување на љубовта оперираат на сите степени на општеството … Фројд и самиот изворно го изведува стравот од репресијата на либидонозните импулси и во него забележал автоматска трансформација на енергијата на страстите”.


Манифестниот облик на овие потиснувања се јавува како страв од опасност, што носителите на политичка власт многу добро знаат да ја искористат. Имено, тие најпрво со застрашување делуваат на масата убедувајќи ги во беспомошност во однос на заканувањата што доаѓаат од (често измислениот) непријател, манипулирајќи така со нивните чувства и ставајќи ги во ситуација на барање спас во хиперидеализираниот лидер како една надчовечка и божествена појава. Со оглед дека им е наметнат стравот од прогонство, настанат како последица на “заверата” од застрашувачки “непријател”, на масите им оставнува преку идентификација со лидерот да се “спасат” од опасноста и така да се стекнат со наводното чувство на сигурност. “Таа индиција е слика на историјата со која се служат масите и лидерите. Може да се означи како заверничка теорија на историјата. Тоа е слика на историјата за лажната конкретност.” Таа овозможува одредена техника на владеење во која стравот се користи како средство за индоктринизација и инструментализација на масите.


Препуштањето на сопственото Его на убедувачкиот пропаганден процес на лажно претставување на стварноста и илузорните завреи ги активира механизмите на психичкото уназадување, што доведува до обезличување на поединецот и негово втопување во масата. Ова движење назад во психичкиот развој на индивидуите сега раѓа потреба за една надредена фигура која превзема наводна заштитничка улога, со што се постигнува афективно идентификување на масата со лидерот. Се создава впечаток дека стравот може да биде “надвладеан со помош на идентификација со лидерот – демагогот, со тотално одрекување на Егото во корист на лидерот и неговата група чии вистински интереси не мораат да бидат нужно еднакви на интересите на масата.” Оваа анализа на масовната психологија на власта во многу е еднаква со она што и Ерих Фром го заклучува во своите истражувања. Имено, тој тврди дека недозреаните (со тоа и непродуктивни) поединеци, во вид на слабо Его, своето упориште го наоѓа во групата, на која, предавајќи и го својот потенцијал, целосно припаѓаат, деперсонализирајќи се себе си и губејќи власт над индивидуалноста.


Новината во Нојмановата позиија на изучување на односите на психологијата и политиката во создавање антидемократски системи е во тоа што тој, освен стравот од општествено отуѓување и социјална деградација, за засновање на поистоветувањето на обезличената маса со лидерот пронаоѓа уште една причина – политичкото отуѓување. Тоа е манифестирано со повлекувањето од било каков вид на учество во политичките птоцеси, а Нојман го изедначува со политичката апатија. Нејзиното присуство е плодно тло за одгледување на антидомократски режими и се карактеризира со три типа на политичка реакција: (1) незаинтересираност за политика; (2) сфаќањето дека политиката е тука само за да се воспостави ред во општеството; (3) свесно отфрлување на рефлектирањето и можностите за промена на политичкиот систем, бидејќи поединецот смета дека тој како единка во него не може нешто да промени. “Според сите правила таа апатија води, кога оперира внатре во општественото отуѓување, до парцијално парализирање на државата и отвора пат на цезаристичкото движење кое, презирајќи ги правилата на игра, ја искористува неспособноста на граѓаните за индивидуално одлучување и го компензира губењето на Егото со идентификување со цезарот.” Со тоа целосно се одврзани рацете за формирање на авторитарно водство, а за сопствено одржување тоа ќе се користи со институционализирање на стравот со цел масите да се држат во покорност и убедување во постојана опасност од секаков непријател.


Излез од оваа ситуација Нојман гледа во улогата и делувањето на интелектуалците. Во кризните моменти нивната реакција е прва на тест, бидејќи би требало да го претставуваат најсвесниот дел од општеството, па и одговорноста за препознавање на опасноста е поголема. Поради тоа интелектуалеците не би смееле да замолчат, туку гласно да проговорат и да пишуваат. Според Нојман на пример уметникот може преку своето творештво во целост да го надвладее стравот. “За нас како припадници на универзитетот и граѓаните останува двапати поголем напад на страв, а за слободата: воспитување и политика … Само со наше одговорно воспитување и политичко делување од зборот идеализам може да настане историја”, што значи реално случување како делотворна акција на самосвесни поединци. Со други зборови, преку демократскиот етос на обичните луѓе ќе биде можно да се воспостави суштинскиот демократски предок. Тоа всушност би значело и нужно укинување на авторитарноста, бидејќи “авторитарниот елемент го олеснува создавањето на диктатура” (Нојман, Белешки од теоријата на диктатура) и претставува негација на вистинските демократски процеси на западната политичка традиција, а легитимен и доследен наследник на овие позитивни процеси Нојман гледа во демократскиот социјализам, залагајќи се за негово воспоставување.

 

 

 Извор: akuzativ.com

Превод: Попова

 

Оставете коментар