Првороденото бебе во Кавадарци во 2014 е машко

Началникот на Гинеколошкото одделение д-р Бранко Поповски информираше дека првороденото бебе е со тежина од три килограми и 200 грама и долго 49 сантиметри.

– Посебно радува фактот што на 26-годишната мајка Суада Муниши ова и е петто чедо. Петто, па машко. Останатите четири се девојчиња, истакна началникот на Гинеколошкото одделение д-р Бранко Поповски.

Суада Муниши пред девет месеци сакала да го абортира детето. Интересен е и фактот дека таа во 2005 година исто така го родила првото дете во годината.

Минатата година во Кавадаречката болница се родиле 552 бебиња од кои 299 машки. Во регионот имало се повеќе треторотки и четворотки.

Извор Либертас

Оставете коментар