Во центарот за јавно здравје во Кавадарци регистрирани се првите четири случаи на сезонски грип

Откако се регистрираа првите случаи на грип заврши вакцинацијата против оваа болест и се потрошени сите дози од вакцина кои беа доставени.

Годинава има најголем интерес кај граѓаните да се заштитат од грипот и се вакцинирани 770 лица. Најголем број од вакцинираните се лица над 65 години а потоа следуваат хронично болните лица.

Дневно доаѓаат во просек по две лица а од Центарот за јавно здравје истакнуваат дека ќе се набават дополнителни количини за сите заинтересирани.

Оставете коментар