(ВИДЕО)Герасим Лазов: “Протестирам за иднината на моето дете!”

Герасим Лазов, еден од учесниците во протестите на Шарената Револуција во Кавадарци, со свое обраќање до кавадаречката и македонската јавност. Лазов беше повикан на информативен разговор во полиција за што најверојатно ќе добие и парична казна од 50 евра.

„Вчера бев повикан во полиција поради нарушување на јавниот ред ми мир и многумина ми рекоа што ти треба да протестираш, седи мирен, имаш мало дете. На сите им велам, токму поради ова дете овде со мене, протестирам, за неговата иднина, бидејќи не сакам кога ќе порасне да замине од оваа земја и да го гледам само на скајп како 600 илјади луѓе млади луѓе кои заминаа од Македонија, меѓу кои и мојата сестра. Протестирам и ќе протестирам за сите млади кои заминаа одовде. На Чавков и целата мафија од ДПМНЕ им порачувам, нема да ме заплашите.“ – изјави Лазов.

 

Оставете коментар