(ВИДЕО) Денес уште еден протест, овојпат пред Јавното Обвинителство

Активисти од Националната мрежа против хомофобијата и трансфобијата, од невладини организации и граѓани, утрово 15 минути го блокираа влезот на Основно јавно обвинителство со цел да го свртат вниманието на јавноста кон нееднаквиот пристап кон правдата, особено за луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет, имајќи ги предвид неколкуте нерасчистени напади врз членови на ЛГБТИ заедницата, пренесува А1ОН.

ЛГБТИ заедницата ги праша Владата и Собранието: кој е тука под закана? Дали тоа е бракот како институција кој е загарантиран со закони и подзаконски акти или тоа се ЛГБТИ луѓето кои секојдневно живеат во постојан страв од насилство и во услови на неказнивост на насилниците? Дали бракот е тој кој е маргинализиран, кој како институција е заштитен не во еден, туку во два закони (Законот за семејство и Законот за спречување и заштита од дискриминација) или маргинализирани се ЛГБТИ луѓето кои практично не постојат пред законите?

Никаде не пишува дека подигнувањето на оваа заштита на уставно ниво е правно целосно непотребен чекор, како што рече Венецијанската комисија, ниту пак дека истополовите парови треба да се регулираат со посебни закони. Формулацијата на амандманот не само што не е во согласност со забелешките на Венецијанската комисија, туку само ги зацврстува веќе постоечките дискриминирачки закони, исклучувачки закони во македонскиот правен систем. Владата сака да воведе материја за која не е дискутирано и е правена според сопствените политики. Истите пратеници сега немаат против овој дискриминирачки закон, рече Павле Богоевски од НМХТ.
Протестот го поддржаа и претставниците на платформата за граѓанска политика АЈДЕ!.



Created with flickr slideshow.

Извор А1ОН

Оставете коментар