„Ние за градот, а што градот за нас“ – протест на навивачката група „Лозари“

Катастрофалната состојба со кавадаречкиот фудбал, рушевините од спортските објекти, несериозноста на надлежните органи да се реши прашањето околу спортот во целина во општина Кавадарци допринесоа да се прелее чашата на членовите на навивачката група и својот револт да го изразат не било каде и кога ами точно во 12:05 часот пред општинската зграда на локалната самоуправа на Кавадарци.

Навивачите упатуваат апел до сите граѓани на општина Кавадарци на кои спортот им значи нешто, со своето присуство да допринесат во испраќањето на пораката до надлежните општински инстанци да го решат ова горливо прашање кое се провлекува веќе подолго време. Протестот е закажан во симболичен термин, утре (среда) од 12:05 часот.Најверојатно бидејќи е малку предоцна за “нештата”.

Оставете коментар