(Видео) Протест на чилеански студенти кои бараат реформи во образованието

Демонстрациите почнаа со мирен протест, а потоа дел од демонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со камења.
Неколку луѓе се уапсени.
Владата на чилеанскиот претседател Себастијан Пињето издвои мал дел средства од буџетот за финансирање на школски кредити. Студентите тврдат дека образовниот систем е несоодветен, на државните универзитети професорите се неподготвени, а приватните се прескапи.
Во скандинавски држави семејствата плаќаат помалку од пет отсто од трошоците за образование, во САД 40 отсто,додека чилеанските домаќинства се приморани да издвојат повеќе од 75 отсто од сопствените средства за образование.

 

Оставете коментар