Протече јавниот тоалет во центарот на Кавадарци, урина се разлеа по “Илинденска”

„Рибља Чорба“ и “Парни Ваљак” не беа единствената атракција што деновиве можеше да се забележи за време на “Тиквешкиот Гроздобер”.

Пластичниот тоалет кој служеше како јавно градско веце деновиве, се излеа од своето корито и се разлеа долж кејот на главната улица во Кавадарци, улицата “Илинденска”. Многумина беа сведоци на овој ужас.  Имаше фекалии, и тоа многу.

Но она што уште повеќе на некој начин фасцинира е фактот што сообраќајот по улицата “Илинденска” си функционираше беспрекорно секој ден освен во вечерните часови кога беше затворен за сообраќај делот од градскиот плоштад до “Стара Автобуска”. Од фотографијата може да се забележи дека јавниот тоалет беше поставен ни помалку ни повеќе ами токму на паркинг место предвидено за паркирање на возила управувани од лица со посебни потреби. И онака ги има малку ваквите паркинг места, сега и тие беа на некој начин (не)внимателно “узурпирани”.

Оставете коментар