Пронајдена мртва жена во Кавадарци, има траги од насилство

Откако во објект во Кавадарци вчера било пронајдено мртво женско тело, полицијата набргу почнала со истрага и задржала во полициска станица еден осомничен, се дознава од полицискиот билтен.
Случајот бил пријавен вчера во 12.05 часот, по што во објектот увид извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Велес и лекар и е констатирано дека на телото има траги на насилство. Неколку часа подоцна во полициска станица е задржан еден осомничен. Мртвото тело е пренесено на обдукција.
Полицијата вели дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор ПЛУСИНФО

Оставете коментар