Промоција на земјоделска механизација во Кавадарци

Со мал дел од асортиманите кои ги нуди компанијата Евростил во центарот на градот беше презентирана опрема за земјоделски дејности.
Земјоделците од овој крај имаа можност на лице место да ја разгледаат механизацијата и доколку се одлучат за купување може да аплицираат преку ИПАРД програмата.

izlozba mehanizacija izlozba mehanizacija2

Изложени беа италијанските трактори Ландини како и моделот Агрифари и приклучна механизација како аутомизери, фрези, плугови и др.
Стручниот тим на компанијата им излегува во пресрет на земјоделците со конкретни стручни совети, изработка на деловни планови и комплетирање на документација.
Претставен беше и најпродаваниот трактор во светот Махиндра.

izlozba mehanizacija4

Оставете коментар