Промоција на заедничка збирка на поезија на автори од Гевгелија и Кавадарци

Имено, станува збор за промоција на заедничка збирка на поезија на автори од Гевгелија и Кавадарци, по седум поети од двата града, кои со свои нови поетски творби партиципираат во книгата. Заедничката збирка поезија “Метрички караван“ е во издание на Библиотека “Гоце Делчев“ – Гевгелија, а соработката е остварена преку Библиотеката “Феткин“ и Друштвото на писатели “Тиквешки цветови“ од Кавадарци.

Со ова, библиотеката од Гевгелија започнува своевиден летен поетски караван низ Македонија, во соработка со повеќе градски библиотеки. Поетското читање и промоцијата на книгата “Метрички караван“, со поетски настап на поети чија поезија е во книгата ќе започне вп 20 часот на платото пред библиотеката во Гевгелија.
 

Оставете коментар