(ВИДЕО) Професор од Кавадарци тепал ученик, подоцна унапреден во директор

Потресна вест за кавадаречката јавност, професор од средно училиште вршел насилство врз ученик.

Во 2009 година тогашниот професор Благој Димитров бил пријавен и судот пресудува дека е виновен. После неколку години истиот професор унапреден во директор на истото училиште.

Скандал врз скандал се врзува за директорот на средното општинско земјоделско училиште “Ѓорче Петров” од Кавадарци, но градоначалникот Панов упорно го држи на раководната позиција во установа во која треба да се образоваат ученици.Митко Керов

Кавадаречките опозиционери обвинуваат дека постојат индиции дека директорот на училиштето, Благој Димитров, е вмешан во криминал додека најскандалозно е тоа што против него имало правосилна судска пресуда за насилство врз ученик. Пресудата е со датум од 2009 година.

blagoj-dimitrov-presuda

Како што пишува во пресудата, директорот Благој Димитров го удирал ученикот со дневник, го туркал, и на детето му биле нанесени телесни повреди. Димитров со помош на градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните инсталации во судот извадил фалсификат потврда дека не е осудуван и така до денес директорува со училиштето “Ѓорче Петров”. Митко Керов

Корумпираното македонско судство до допира дното од кое најверојатно не може да се оди подолу. Партиските инсталации буквално го приватизираа овој сектор. Потребни се промени, потребна е поддршка за СЈО да ги превземе случаите во свои раце. Правдата мора да излезе на виделина. Грешниците да одговараат, да го вратат украденото од граѓаните и да си одлежат за својот криминал. Само така Македонија може да го исправи вистинскиот пат.

Видео КТВ

Оставете коментар