НВО “ПРОЕКТ-ЕУ” продолжува со кино проекциите, следува култниот филм “ТЕТОВИРАЊЕ”

Следна проекција на репертоарот е култниот македонски филм ТЕТОВИРАЊЕ со легендата Мето Јовански и останатите доајени на македонското филмско платно.

 

Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

 

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата (Љиљана Меѓеши) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор каде е подложен на „вербална и физичка тортура“

 

Оваа проекција е закажана за во сабота, 23. ноември од 17 часот во хотелот Уни Палас кај кружниот тек во Кавадарци.  

 

 

Оставете коментар