Денес е пресветол празник, ќе има протест во Кавадарци!

Кавадарци празнува, денес ќе има протест

Граѓанките и граѓаните од Кавадарци кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираат низ улиците на Македонија, Кавадарци, во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваат дека преговори во овие услови се неприфатливи.

Затоа, одлучно продолжуваат со протести и бараат:

– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Дотогаш, политичката борба останува на улиците.

Се гледаме денес (27 април 2016 година) во 18:30. часот. Протестот започнува од пред Катастар, чекориме по улица Илинденска, завршниот револт и протест пред Општинската зграда на КАВАДАРЦИ!

Нема правда, нема мир!
#Протестирам #Protestoj
#ШаренаРеволуција

Оставете коментар