Премиер како таксист ги слушал поплаките од граѓаните

„Важно ми е да слушнам што луѓето навистина мислат. Доколку постои место каде што луѓето зборуваат што мислат, тоа е таксито”, објаснува норвешкиот премиер Јенс Столтенберг во видео снимката објавена на Facebook, Twitter и YouTube. Снимен е во униформа на такси возач во Осло. Додава дека тој возел инкогнито во едно јулско попладне низ улиците на норвешката престолнина. На една клиентка ѝ се доверил дека не возел веќе осум години.

Скриената камера ги снимила реакциите на некои патници, меѓу кои и на еден клиент кој рекол дека од неговиот агол многу му личи на премиерот. Една повозрасна госпоѓа рекла дека шефовите не би требало примаат толкави милиони, а кога го препознала изразила надеж дека тој ќе интервенира во таа насока.

Видео снимката е објавена инаку во екот на предизборната кампања. Столтенберг кој е челник на Работничката партија и на досегашната владејачка лева коалиција, не е фаворит според испитувањата на јавното мнение за изборите кои ќе се одржат во Норвешка на 9-ти септември.

За таблоидот Verdens Gang, премиерот изјави дека смета оти земјата и корисниците на норвешките такси примаат подобра услуга додека тој ја извршува функцијата премиер. Таблоидот напомнува дека сите патници кои ги возел премиерот биле поштедени од плаќањето на услугата.

Проверете како изгледаше сето тоа:

 

 

 

Оставете коментар