Позитивен став додека барате работа

Држете се до распоредот

Тоа што во моментов немате работа, не значи дека треба да се опуштите во секоја смисла и да ги минувате деновите во кревет, правејќи – ништо. Станувајте секој ден во разумно време, истуширајте се, облечете се и ни под разно немојте денот да го минувате во пижами. Со секој почеток на денот, најпрво проверете ги новите огласи за нови работни места, испратете автобиографија и направете си план за остатокот од денот. На овој начин ќе го спречите чувството на бескорисност.

Вежбајте го умот

Немојте да закржлавувате умствено, вежбајте го умот. Учете јазик преку интернет, решавајте логички задачи и крстозбори, читајте книги и бидете во тек со случувањата. Не му давајте на вашиот мозок да заспие.

Не се затворајте во четири ѕида

Иако барањето работа може да се прави и од дома, сепак незаменливо е да контактирате со други луѓе. Излезете од дома, запознавајте нови луѓе и ширете познанства. Контактите со луѓе може да се покажат како драгоцени во иднина.

Бидете физички активни

Луѓето кои се вработени се жалат дела немаат слободно време, па затоа не спортуваат и не се рекреираат. Ако веќе немате работа, бар имате време за овие активности. Облечете тренерки и патики и тргнете во подобрување на физичката форма. Физичката активност ќе ја разбие монотонијата, а воедно ќе направи да се чувствувате многу подобро.

Запомнете дека не сте сами

Иако мислите дека само вие немате работа и им одите на нерви на оние на кои за тоа постојано им се жалите, сепак не сте сами. Сите некогаш биле невработени, а повеќето имале проблеми одека најдат работа. Затоа, слободно зборувајте за тоа што ве мачи. Можеби токму така ќе налетате на некој кој ќе ви понуди работно место.

 

 

Оставете коментар