Пожар во кругот на Фени Индустри, несреќен случај или пак порака?

Имено станува збор за избувнување на пожар на делот односно плацот каде што се наоѓала токму отпадната гума која оваа компанија ја користи за горење во електро печките. Токму оваа отпадна гума беше и главна тема на двете јавни дебати кои беа одржани во општинските простории на кои кавадарчани јасно и гласно го кажаа својот став околу загадувањето на оваа компанија која го прави, посебно последниот период кога ја користат за постигнување на високи температури во производството.
На плацот каде што се опожарила гумата имало приближно 400 тони од овој лесно запалив материјал. Добра работа завршила противпожарната екипа која го локализирала пожарот и спречила да дојде до поголема хаварија.
Дали станува збор за несреќен случај или пак ова е испраќање некој вид на порака до надлежните?
Како и да е, Фени Индустри засега претставува идеална тема околу која ем се собираат политички поени, ем се полнат нечии сметки. И сето тоа на грбот на граѓаните на општина Кавадарци и околината.
Оваа отпадна гума содржи преку 20 штетни метали и се увезува од отпади од соседна Грција.Штетниот отпад од кој нашите соседи едвај чекаат да се “ослободат”, ние со драга воља го прибираме.
 

Оставете коментар