Пожар во Криволак

– Точно е дека има пожар во полигонот Криволак предизвикан по изведување вежбовни активности, потврди портпаролот на ГШ на АРМ Мирче Ѓоргоски. Вежбовните активности се изведувале на поголема надморска височина каде што имало и пошумен терен.
Порталот Бриф пренесува дека војниците веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот што се ширел од ветeрот, побарана е помош од единицата од Штип, повикани се пожарникари од неготинската територијална единица, ангажирани се хелихоптери, а на барање на Генералштабот на АРМ Дирекцијата за заштита и спасување активира два од своите авиони. Од Дирекцијата соопштија дека е во тек акцијата за гаснење на пожарот.
Командирот на неготинската противпожарна единица Иле Илиев изјави дека во околината на месноста „Караоџали” гореле сува трева и џбунести растенија.
– Испративме едно противпожарно возило и тројца пожарникари со оглед на тоа што останатиот дел од нашата противпожарна екипа е на локализирање на пожарот што избувна на железничката пруга на потегот од селото Црвени Брегови кон Стоби, рече Илиев

Извор Бриф

Оставете коментар