Позајмете полнење за вашиот smartphone

Секој од вас барем еднаш бил во состојба мобилниот телефон да му е итно потребен, а притоа батеријата да биде скоро празна. Сега може да позајмите туѓ телефон, но на тој начин што ќе позајмите струја од неговата батерија.

Ова решение пристига од Јапонија, а на некој начин потсетува на стартување на автомобилот со помош на кабли.

Доволно е да се приклучи кабелот на двата телефона и да се дозволи празната батерија да се наполни доволно за да може да ги реализирате основните операции додека не дојдете до конкретен извор на енергија.
Маана на овој систем за полнење во итни ситуации е тоа што по полнењето имате два уреда кои се со слаба батерија, па ќе бидете принудени во скоро време да побарате полнач.

Освен тоа, кабелот функционира само со неколку модела на паметни телефони од понова генерација и нема можност за поврзување со iPhone.

Ако сепак се одлучите да инвестирате во ваков неконвенционален „полнач“, тој е достапен на интернет по цена 15.30 долари.

 

 

Оставете коментар