Потона брод со емигранти кај турското крајбрежје

Капетанот на бродот синоќа испратил порака до крајбрежната стража “Тонеме. На бродот имеме 30 луѓе“, а после оваа порака врската се прекинала, објавува агенцијата Доган.
Турската крајбрежна стража извлекла 24 тела и спасила 12 емигранти, на кои националностите сеуште не се познати.
Потрагата за спасување сеуште е во тек.
Потонатиот брод, најверојатно емигрантите ги пренесувал илегално до грчкиот остров Лезбос.
Турција во моментот е станата илегален пат за емигрантите кои сакаат да се префрлат во Европа во потрага за подобар живот.
 

Оставете коментар