ЦИВИЛ: ПОТКУП КАЈ ЗАТВОРЕНИЦИ СО ЖИЛЕТИ ЗА БРИЧЕЊЕ И ОБЛАНДИ

Според информациите, лицето е во притвор веќе 2 години, од кои 8 месеци во прилепскиот затвор, а сепак, во избирачкиот список тој се води на домашната адреса.

„И поκρај тоа што си земаа обвρсκа надлежните да ја испρават гρешκата, тоа повторно не беше направено. Се вадеа деκа од нивна стρана се е стоρено. Лани гласав во истражниот затвор во Шуто Оризари, а оваа година, споρед сопρугата, ме имало во избирачкиот списоκ во местото κаде што живеам“, вели З.Т.

Цивил констатира и недоследности при гласањето во штипскиот затвор, каде што, според нивните информации, на затворениците им било сугерирано за која политичка партија и за кој кандидат да гласаат. Според Цивил, дел затвореници биле поткупувани да гласаат за одредена политичка партија, а како награда добивале сапун, две обланди и по два жилети за бричење.

Набљудувачот на Цивил денеска не бил пуштен да влезе во затворот во Штип, со образложение дека потребна е дозвола од Управата за извршување на санкции.

За првиот круг од претседателските избори, Фокус веќе информираше дека затворениците биле поткупувани со 100 грама кафе, сок и наполитанка.

Извор Фокус

Оставете коментар