Постојани прекини на струјата во Кавадарци, штетата на грбот на граѓаните

Кавадарчани изразуваат сомнеж за прекинот на струјата во речиси ист временски период и сметаат дека овие прекини на електрична енергија се користат за пренесување на струјата за потребите на индустријата.

Граѓаните бараат одговорност за настанатата ситуација и се жалат дека поради нестабилното електично напојување и прекинот на електрична енергија во изминатиот период голем број од домаќинствата претрпеле штети со прегорување на дел од електричните апарати во домаќинството.

Кавадарчани се жалат и на тоа дека во изминатиот период прекинот на струја се случувал приближно во ист период од денот а притоа не добиле никакво предупредување. Прашуваат дали сега ЕВН ќе им ги покрие трошоците за поправка на изгорените предмети во домаќинствата? Велат дека тоа е најразумно решение ако се земе во предвид дека и за една неплатена белешка за електрична енергија, оваа компанија ги исклучува домаќинствата од електричната мрежа.

Голем број од помалите фирми во Кавадарци претрпеа сериозни финансиски загуби во овој период додека немаше струја.

ЕВН преку соопштение наведува дека корисничкиот енерго центар во Кавадарци интензивно работел на реконструкција на дистрибутивната мрежа.

Оставете коментар