„Последниот балкански вампир“ денес во домот на културата во Кавадарци

Денес, со почеток од 20 часот, на матичната сцена, во салата при Домот на културата во Кавадарци ќе следува нова реприза за љубителите на театарската уметност.

Во претставата играат: Диме Коцевски, Видан Станоев, Милица Гочевска, Александар Малинков, Коле Колев, Валентина Ѓорѓиева и Костадин Прокопов. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски. Влезници на билетара на Домот на културата, од 18 до 20 часот по цена од 70 денари.

Претставата е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, со подршка на Министерството на култура на РМ. Репертоарски, претставата следува во месец август, за да кулминација во прикажувањето доживее за време на манифестацијата “Тиквешки гроздобер 2014“ (5-7 септември). 

Оставете коментар