После цели два месеци раскопана, се асфалтира улица во Кавадарци

Екслкузивна вест (за жал) изминатиов период во општина Кавадарци беше асфалтирањето на една од градските улици. Улицата „Гоце Делчев“ беше “посеана” со асфалтен слој (се надеваме малку подебел) и со тоа оваа делница од градот конечно заличи на место за живеење карактеристично за 21-от век. 

Инаку, оваа улица е започната со реконструкција за време на локалните и предвремените парламентарни избори од пред два месеца. И оттогаш по овој дел од градот можеше да се вози исклучиво со лада “нива”, трактор или хермелин.

Локалната самоуправа при општина Кавадарци не го сокри задоволството и ја искористи оваа ситуација да се пофали за одвоените средства од буџетот на општината кои се наменети за оваа “инвестиција”. Станува збор за цели 4.500.000 денари или “народски” кажано 75 000 евра.

Интересна статистика од надлежните. Им фали уште информацијата (статистичките податоци) колку штета претрпеа жителите на општина Кавадарци санирајќи ги своите оштетени возила за овие два месеци.Двапати, трипати повеќе? 

Оставете коментар