Пореметување на вагите на животот

Ако некогаш внимателно сте набљудувале се што се случува околу вас, ако понекогаш сте се впуштиле во односи кои го регулираат животот на едно општество и движењата кои го предизвикуваат тој регулатор – вие сигурно сте забележале дека, низ животот на секоа општество, јасно се исцртува една јака и права линија.
Таа линија ја испишале вниманието, слабодушноста, духовната немоќ, и сите оние други негативни особини на човекот под кои поединците се гушат, а општеството немоќно се предава на мртвилото. Таа линија социјалните математичари можеби би ја нарекле нормална, а социјалните физичари почетен стадиум на топлина или зима, бидејќи таа навистина личи на оној степен на термометарот над кој, при ладење, се намалува.
По таа права линија се движи животот на скоро целото наше општество. Над таа линија се искачуваат само поединци, кои имаат душевна сила и храброст да се воздигнат над моралот, над традицијата и над малодушноста. Над таа линија се качуваат само поединци кои не чекаат живата во општествениот термометар да се загрее од надворепната температура, туку тоа загревање го наоѓаат сами во себе, во своите душевни сили.
И под таа линија се симнуваат само оние поединци кои исто така немаат душевна сила да го прегазат моралот и традицијата и да се ослободат од малодушноста. И овие, кои во општеството се симнуваат под линијата на нормала, се до дното, носат сами во себе диспозиции за ладење на душата и заладување на чувствата се до точка на смрзнување. За да некој се дигне или спушти над или под линијата на нормала во животот, за да некој се возвиши над толпата или се спушти под неа, треба да е подеднакво храбар. Храброст е да се биде чесен, племенит, возвишен, исто како што е храброст да се биде злобен и подмолен.

Треба да се има многу морална снага во себе за да се издигнете над линијата на нормала, да се биде над останаите, над топлата; како што треба многу душевна снага да се симнете под линијата, да се биде под останатите, под толпата: да бидете провалник, клеветник, разбојник и убиец. Подеднаква е храброста да се издигнете во небото на несигурната Икраова направа, која нашиот век ја усовршил, како и да се спуштите, во оклоп за нуркање, до морското дно. Оние луѓе, кои се воздигнуваат над или се спуштаат под правата линија на животот, имаат и голем замав, големо возбудување и големи емоции.
Државникот со страв стои пред судот на историјата, бидејќи ја водел државата и народот по судбоносен пат; големиот финансиер со грозничава возбуда стои пред берзата на која во секој момент ќе се дуплира или ќе порпадне неговиот милионски капитал; на војсководецот му игр секој нерв од возбуда кога ќе ја поведе армијата во судбоносна борба; поетот го возбудува инспирацијата, уметникот моментот на создавање, научникот она непознатото до кое треба да стигне со неговото откритие, големи емоции, големи поместувања на душата.
А тие и такви големи возбудувања, големи емоции, големи придвижувања на душата ги има и кај оние кој се симнуваат под нормалната линија. Разбојникот доживува најголема возбуда кога ќе го зарие ножот во градите на својата жртва; крадецот трепери пред судијата; одметникот страда под бесилката преживувајќи цела градација од болка до грижа па се до самоодрекување и апатија. Во тие области, во областите на голема возбуда, големи емоции, големи придвижувања на душата – без разлика дали над или под линијата – драматичарот често заминува, бидејќи тука секогаш ќе најде длабоки извори од кои може да фати богат и обилен материјал !
Оттука и најголем број драми се движат во таа област. Многу е потешко, да барате и да најдете материјал во мала средина, во она општество, меѓу оние луѓе, кои немаат снага да се одвојат од правата линија на животот, било нагоре или надоле; меѓу оние луѓе кои немаат сила да бидат добри, но исто така немаат ни храброст да мидат меѓу оние луѓе кои се врзани и претекнати од ситните грижи, кои робуваат на застарените традиции и чие цело битие е созидано со малодушност. Животот во таа средина тече еднолично и одмерно, како стрелката на зиниот часовник; движењата на таа средина се мали, тивки, без возбудувања, без големи бразди, без јаки траги, како оние благи бранови кои кружат по мирната вода кога на површината че падне пердув од птица.

Во таа мала средина нема бура, нема непогоди, нема земјотреси, ниту пожари; таа средина е оградена со дебели зидови од олуите и виорите кои разоруваат низ општеството. Таа живее в своите соби, улицата за неа е непознат свет, странство, за неа настаните кои ги возбудуваат континентите се само новинарска лектира.

Во тие мали средини, кои не се одвојуваат од онаа права линија на животот, нема настани, нема емоции, нема сензации. “Денес е денот на тетка Савка!” – ете, тоа е за таа средина настан и сите се возбудуваат, сите се движат, се облекуваат, купуваат букети, пишуваат честитки, одат на гости … настан, голем настан !

“Мила го напуштила сопругот!” – “Леле што ќе речат луѓето!” И ете, тоа е емоцијата која ги возбудува, но таа возбуда не е толку поради тоа што Мила го напуштила сопругот, колку што е поради тоа “што ќе речат луѓето”. А знаете што е сензација за таквите мали средини?
“Снаата Зорка родила близнаци!” И таа сензација се движи од куќа до куќа, само за неа се зборува, се расправа, се толкува, и таа тема ги исполнува интересите на цело едно семејство и цела средина. Ѓоко се разболел, Стеван ги положил испитите, Јован е преместен, Мица купила нова спална соба, Савка била на фризер, Јула сошила нов фустан …
Ете, тоа се сензации, тие настани во мала средина. И, ете, од таа и таква средина земав една добра женичка и добра домаќинка – госпоѓа Живка Поповиќ – и ја изнесов нагло, неочекувано и изненадно, над нејзината нормална линија на животот. Такво едно пореметување на вагата на животот е добро да се направи, кај луѓето од мала средина, да ја изгубат рамнотежата и да не знаат да се држат на нозе. И ете, за тоа е содржината на Госпоѓа министерка, во тоа е целата едноставност на проблемот кој таа претстава го содржи.
 

 

Превод: К.Попова

 

 
 

Leave a Reply