Поплави и висок водостој, критична состојбата во источна Македонија

 

Критични точки се повеќе населени места по течението на Брегалница и тоа: Делчево, Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и Штип.

poplavi stip2

Зголемено е нивото на река Брегалница, која веќе започна да се излива на неколку места. Браната Калиманци  прелеа, а најсилниот удар беше во Штип во вечерните часови. Поради излевањето на Брегалница забранет за сообраќај е патот што минува низ Ново село и целиот сообраќај се пренасочува кон клучката кај Три Чешми.

Кризниот штаб е во постојано заседавање. Се апелира до населението од овие споменати места да направат евакуација на имотите, во приземјата и ниските предели на своите домови, евакуација на децата, вредните предмети и животните.

Извор ФОКУС

Видео ПЛУСИНФО

Оставете коментар