Помагаат ли навистина топлите пијалоци на оваа жештина?

Ако се вбројувате меѓу милионите кои на жежок ден би посегнале по чаша ладен сок отколку за филџан топол чај, размислете уште еднаш: научниците велат дека топлиот напиток ќе ве разлади подобро од било кој ладен пијалок.
Зошто? Експертот за неурологија професорот Питер Мек Љутон од Универзитетот во Кембриџ вели дека конзумацијата на напиток како што е топлиот чај или водата ја зголемува внатрешната телесна температура, што пак предизвикува зголемено потење. Нервите во нашата уста и во горниот дел на грлото реагираат на топлината на напитокот стимулирајќи го мозокот на зголемено производство на пот. А бидејќи потта испарува од површината на кожата, на тој начин ефикасно го разладува телото.
“Потењето ќе започне или ќе се зголеми, ако личноста е веќе загреана, топла” објаснува лекарот Кристофер Гордон од Универзитетот во Сиднеј чија специјалност е терморегулацијата кај луѓето. “Иако на луѓето им е жешко кога пијат топли напитоци, веднаш одкако започнат да се потат, ќе им биде подобро бидејќи ќе се разладат.”
Потните жлезди се распоредени п површината на кожата. Погусти се во пределот на главата и рацете и долниот дел на нозете. Потењето е особено важно за функционирање на нашето тело. “Ако при жешки температурни услови не би се потеле, нашата внатрешна телесна температура би се зголемила, а потребни се само неколку степени зголемена температура за да дојде до оштетување на мозокот или смрт” објаснува професор Питер Мек Њутон.
Јадете многу зачинета храна, лути пиперки на пример, бидејќи активната состојка во нив, капсаицинот, делува на истите рецептори во вашата уста кои регаираат на жештината и предизвикуваат потење. Баш поради ова, луѓето што живеаат во екстремно топли краеви како делови од Азија, Индија или Јужна Америка повеќе јадат зачинета храна од онаа “освежителната”.
Ладните пијалоци разладуваат само моментално, бидејќи волументот на ладните пијалоци е релативно мал во споредба со човековото тело, па влијанието на разладување брзо го снемува. А не можеме да испиеме неограничено многу ладни пијалаци поради капацитетот на бубрезите. Затоа најдобро е да се обидете со чај или лута пиперка.

 

 

Оставете коментар