Полицијата најкорумпирана

 Следуваат судството,здравството и образованието. Истражувањето на Транспаренси интернешенл покажува и дека стапката на тие кои дале поткуп во последните три години е намалена за четири проценти, но велат дека ова само делумно се должи на подобрената свест на граѓаните во врска со корупцијата.

– Навистина е убав податокот дека корупцијата е намалена за четирти проценти, но мислам дека овде пред се се работи за тоа дека луѓето сметаат дека и самите ќе настрадаат ако не пријават ваков случај,а не на подобрената свест, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси интернешенл.

Според истражувањето, високи 82 проценти рекле дека би пријавиле случај на корупција, но не знаат каде, кому и како да се заштитат.Телефонските линии за таа намена се уште не функционираат, а луѓето особено немаат доверба во Антикорупциската комисија.

-Минатата година ние имавме над триста пријави, а тие многу помалку. Луѓето мора да стекнат доверба во институциите за да помогнат да се искорени корупцијата, смета Тасева.

Најчесто поткуп е даван затоа што тоа бил единствениот начин да се добие услугата, потоа за да се забрзаат процедурите или како подарок. Во светски рамки,повеќе од еден на четворица луѓе пријавиле дека дале мито. Македонија се наоѓа во шестата од девет категории по степенот на корупција,заедно со Ерменија, Кипар, Чешка, Косово и Романија, додека од регионот зад нас се Грција, Србија и Босна и Херцеговина.

Оставете коментар