“Почуствувај ја Македонија со шестото сетило” поетски караван кој се одржа во манастирот Св.Ѓорѓи во Неготино

На ова поетско дружење кое беше оценето како најмасовно од досега одржаните присуствуваа многу поети членови на Друштвото на писателите на Македонија но и поети од Кавадарци, Неготино, Тетово, Велес и др. Учестуваа и ликовни уметници, историчари и музичари.

Свои стихови прочитаа поетите : Гоце Ристевски, Петко Дабевски, Владимир Мартиновски кој воедно беше прогласен за витез на македонскиот пишан збор, потоа Тодор Чаловски, Ристо Јачев а им се придружија и поетесите од Кавадарци, Цветанка Колева, Надица Тренчева и Милка Миндева.

Ученици од Гимназијата во Неготино прочитаа песни од Јован Котевски и Гане Тодоровски а следеа и стихови на македонски поети кои успеаа овој поетски караван да го направат најквалитетен од сите досега одржани во манастири кои ги носат името Св.Ѓорѓи и тоа во село Рајчица , во Охрид, Прилеп , Штип , Новаци , Гостивар, Струмица, Виница и Старо Нагоричани.

Оставете коментар