Наумов: Кој треба да се срами што плажите во Грција се поблиску од Охрид?!

„Ако 400 километри до некоја плажа во Грција можете да ги извозите побрзо и на крајот да се чувствувате понеуморно, отколку 170 километри до Охрид, тогаш најпрво треба да се срами оној кој во последниве 7 години е вмровски пратеник од Охрид. Поврзано со она погоре, ако некој поданички ги бранел и гласал проектите кој му ги нудел шефот Груевски, а кои во основа биле тршење на буџетски пари за непродуктивен кичерај кој е најпогоден за реализација на корупцијата со која се создава „новата олигархија“, и при тоа не се заложил да се вложува во патната инфраструктура до Охрид, тогаш таквиот е беден соучесник во коруптивната креација и воедно свесно ги праќа оние 23.000 Македонци далеку од неговиот град“, напиша Наумов во колумна за порталот Фактор.

Во продолжение, потсетување и на Фејсбук статусот на Николоски.

„Над 23.000 Македонци во Грција само овој викенд. На граница се чека околу еден час. Ако секој оставил по 100 евра, тоа се 2,5 милиони евра приход за Грција и минус за Македонија. Заради истата Грција следниот петок повторно нема да добиеме датум за преговори со ЕУ што е основен предуслов за посилна економија, повисоки плати, поголема вработеност и подобар животен стандард. Срамота! Поздрав од Охрид”, напиша Николоски.

Оставете коментар