Пјонгјанг со закана кон САД со оружје за кое “светот сеуште не знае”

Целта на воената вежба е да се “заштити регионот и да се одржи стабилноста на Корејскиот полуостров”, се вели во соопштението од командата на комбинираните сили Кореја и САД, јавува Ен-Ен-Ен.

Овие вежби секогаш започнуваат серија на воени тензии со нуклеарно оружје кои Северна Кореја ги осудува како обид за инвазија врз неа.

И овој пат, официјален Пјонгјанг реагираше, но со малку поостра реторика, преку својот портпарол Раша Тудеј.

“Армијата и народот на Демократска Народна Република Кореа не е повеќе она што беше во минатото, кога против нуклеарно оружје на САД моравме да се бориме со пушки”, изјави портпаролот за одбрана на Националната комисија на Северна Кореја (НДЦ).

Тој додаде дека “Северна Кореја е непобедлива сила, опремена со најнови офанзивни и одбранбени средства, за кои светот не знае.”

“Ако сакаат САД нивната татковина да биде безбедна, треба веднаш да престанат со вежбите” објави државната телевизија на Северна Кореја.

Оставете коментар