Пиво наместо ботокс – ги измазнува брчките

Пивото е добар сојузник за убав и млад изглед, покажало неодамнешното истражување. Го подобрува изгледот на косата, кожата но и ноктите. Според студијата која е направена, пивото, ако се пие во умерени количини (околу 300 милилитри дневно) има супер дејство врз убавината благодарение на многуте витамини, минерали и поедини аминокиселини и флавоноиди кои се наоѓаат во овој освежителен напиток.

Истовремено, овој пијалок го успорува стареењето и ги “пегла” брчките и тоа благодарение на големата количина цинк која спречува појава на акни и ја прави кожата поотпорна на неповолните надворешни фактори.

Хмељот од пивото исто така е една од магичните состојки, па затоа и се користи како додаток на голем број креми наменети за нега на кожата. 

Бабини рецепти

Бабите во негата на својата коса користеле пиво. Ја измивале косата со витамиснкиот коктел кој покрај пиво содржел и додаток од сув квасец, одличен домашен рецепт кој нивната коса ја правел здрава и јака. Денес, покрај домашниот рецепт, можете да се одлучите и за некои од бројните производи кои содржат пиво како состојка и кои подеднакво имаат добро влијание на нашите влакна.

Пивска терапија

Најпознатата приказна за ритуалите поврзани со пивото потекнува уште од времето на византиската кралица Теодора. Била позната по тоа што наизменично користела топла и ладна купка од пиво. Ладната, за да ја одржи млада подолго. и топлата која служи за обновување на кожата. Денес постојат голем број спа центри во кои терапијата со пиво и често барана услуга.

 

 

Оставете коментар