Отворено писмо до Илија Темелков, претседател на Ф.К. “Тиквеш 2014″

Отворено писмо до Илија Темелков од навивачката група Лозари Исток од Кавадарци

По нашите протести и барања беше направен клуб кој треба да е наследник на ФК ТИКВЕШ, а вие бевте поставен за претседател на клуб кој ќе биде во тесна врска со навивачката група “Лозари Исток” која во управата треба постојано да има по најмалку еден активен член кој директно ќе работи во активностите на управата на клубот. Таков член подолго време немаме.

Која е вашата визија за развојот на фудбалот во Кавадарци, и Тиквеш воопшто? Прочитајте ги убаво барањата за подобар Тиквеш, дали таму пишува дека треба да се рекетираат ресторани од градот, да не се плаќаат превозници, да се нема соработка со навивачите и да немаш идеја како да организираш гостување од 12 км? Каде е транспарентноста, отвореноста на управата, неисплатени тренери, економи, кој од фудбалските легенди од Кавадарци е член на овој Тиквеш?

Дали заслужуваат кавадаречките родители такви руини каде им висат цигли врз главите да го пратат развојот на своите деца на фудбалскиот терен? Ако не сте знаеле, треба да се одржува, ако не знаете прашајте го чичко Ило што е потребно да се направи одличен тревник, или видите до Општинскиот фудбалски сојуз, разгледајте, луѓето даваат за развој на фудбалот вештачки зелени тревасти подлоги, каде треба да вработите човек да ги одржува.

Значи пропусти има многу. Засукајте ги ракавите за Подобар Тиквеш или тргнете се од таму, оти не сакаме некој кој нема визија за фудбал да биде претсетател и човек управа на нашите градски пари кои се одделуваат за ТИКВЕШ.

Одговорите и аргументите може да ги приложиме во живо на кој сакате локален медиум во Кавадарци.

Спортски поздрав, Лозари Исток ’91 Кавадарци.

Оставете коментар