Пет клучни лекции за левицата

Во нејзините претходни книги, Шок доктрина (2007) и NO LOGO (2000), канадаската авторка и активистка Наоми Клејн се занимавала со темите како што се неолибералната ‘шок терапија’, конзумеризмот, глобализацијата и ‘капитализмот на катастрофите’, темелно анализирајќи ги силите кои стојат зад драматчниот раст на економската нееднаквост и еколошката деградација во текот на изминатите 50 години.

Но во својата нова книга, Oва менува се: Капитализам против климата, Клејн го свртува вниманието на иднината, докажувајќи дека опасноста од климатски промени бара моментална радикална акција за да би се спречиле катастрофи. Клејн секако не е единствената која укажува на алармантната закана, но од останатите се издвојува со аргументот дека капитализмот – а не карбон диоксидот – е во коренот на климатските промени, и дека нашата желба за профит неуморно води кој еколошки армагедон.

Книгата вреди да се прочита цела, но издвоивме само неколку клучни места.

1. Band – Aid решенијата не функционираат

Сега можат да не спасат само масовни движења. Бидејќи гледаме каде не води актуелниот систем кој никој не го контролира.

Добар дел од проблемите со климатските промени се сведува на она што Клејн го отфрла како Band – Aid решенија, крпење на проблемот: профитабилните шеми како што се напредните технолошки иновации, откуп на емисијата на токсични гасови и демек ‘чисти’ алтернативи како што е природниот гас. Според неа, таквите стратегии решаваат премалку и прекасно. Во својата детална критика на корпоративното учество во превенција на климатските промени, таа како ги демонстрира како профитабилни ‘решенија’ кои всушност ги влошуваат работите. На пример, таа вели дека програмите за откуп на емисијата на јаглерод перверзно ги поттикнуваат фирмите да произведуваат штетни гасови во стаклени градини, само да би биле платени за тоа што ги емитуваат. Во овој процес корпорациите заработиле милијарди – директно профитирајќи на деградацијата на планетата. Наместо тоа, Клејн тврди дека би требало да се ослободиме од пазарниот фундаментализам и да примениме долгорочно планирање, строга регулатива на работењето, повеќе даноци, повеќе државни вложувања и поништување на приватизацијата со цел инфраструктурата да би се вратиле под јавна контрола. 

2. Треба да се менуваме себе си, а не светот

Планетата не е наш заробеник, пациент, машина, па ниту наш монструм. Таа е нашиот свет. И решението за глобалното затоплување не е во променетиот свет, туку во менувањето на нас самите.

Клејн посветува цело едно поглавје од својата книга на геоинжењерингот: поле на истражување кое го води тесен круг на научници, финансиери и медиумски личности. Нивната цел е решавање на проблемите на глобалното затоплување со промена на самата планета – на пример, прекривање на пустините со материјал кој ги одбива сончевите зраци назад во вселената или дури и пригушување на сонцето за да се намали количината на топлина која стигнува на планетата. Меѓутоа, политичарите и поголем дел од светската јавност изнесоа некои еколошки, здравствени и етички проблеми во врска со овие предложени научни експерименти со планетата, а Клејн предупредува на непознатите последици од создавањето на ‘франкештајнски свет’, во кој учествуваат многу земји кои проектите ги лансираат симултано. Наместо враќање на еколошката рамнотежа, таа тврди дека овие “техно – поправки” само дополнително ќе ја нарушат. Секоја од нив ќе предизвика нова група проблеми за чие решавање се потребни нови “поправки”. Клејн пишува: “Планетата – систем кој ги одржува нашите животи – и самата ќе биде приклучена на машини за одржување во живот, за да ја спречиме да се сврти против нас.”

3. Без “добронамерно” корпоративно финансирање

Голем дел прогресивци истапиле од дебатата за климатските промени и затоа што биле уверени дека за тоа се грижат еколошките групи, преполни со филантропски долари. Се испоставува дека тоа била тешка заблуда.

Клејн остро ги критикува партнерствата на корпорациите и големите еколошки друштва, како и обидите на “зелените милијардери” како што е Бил Гејтс и Ричард Бренсон да го користат капитализмот во борба против глобалното затоплување. Кога самиот капитализам е главна причина за климатските промени, тврди Клејн, бесмислено е да се очекува дека на корпорациите и на милијардерите планетата ќе им биде побитна од профитот. На пример, иако фондацијата на гејтс финансирала многу големи еколошки групи посветени на борбата против климатските промени, од декември 2013 година тој вложил најмалку 1,2 милијарди долари во нафтените компании BP и ЕxxonMobil. Покрај тоа, кога еколозите ќе станат зависни од корпоративните фондови, тие почнуваат да спроведуваат корпоративна агенда. На пример, организациите како што се ”Nature Conservancy” и Фондацијата за еколошка одбрана, кои земале милиони долари од корпоративните финансиери Shell, Chevron и JP Morgan, кои се залагаат за промовирање на природниот гас како почиста алтернатива нафтата и јагленот.

4. Потребно ни е дивестирање и реинвестирање

Главната сила на дивестирањето не е во тоа што краткорочно финансиски им штети на компаниите како што се Shell и Chevron, туку во тоа што ја еродира општествената лиценца на компаниите за фосилни горива и создава притисок на политичарите да воведат општоважечки прописи за намалување на емисијата на гасови.

Критичарите на движењето кое бара повлекување на вложувањата од работи поврзани со фосилните горива често тврдат дека дивестирањето би имало минимално влијание на приходите на загадувачот. Но Клејн тврди дека овој начин на размислување ја промашува суштината и цитира аргумент на канадскиот активист за дивестирање Камерун Фентон, кој вели дека “никој не мисли дека ќе ги доведеме до банкрот компаниите кои се занимаваат со фосилни горива. Но можеме да предизвикаме банкрот на нивните репутации и да им ја одземеме политичката моќ”. Што е уште поважно, дивестирањето отвора простор за реинвестирање. Неколку милиони долари кои би се одземале од рацете на компаниите како што се ExxonMobil и BP ослободува пари кои можат да се потрошат на развој на зелената инфраструктура или зајакнување на заедниците за да ја локализираат својата економија. Некои колеџи, хуманитарни организации, понзиски фондови и општини веќе ја примиле пораката: Клејн известува дека до сега веќе 13 американски колеџи и универзитети, 25 северноамерикански градови, колу 40 верски институции и неколку крупни фондации се обврзале дека ќе ги дивестираат своит фондови од вредности хартии и обврзници кои ги издаваат компаниите за фосилни горива. 

5. Остварување на останатите општествени, економски и политички прашања

Оние кои ги негираат климатските промени и тврдат дека глобалното затоплување е конспирација на оние кои сакаат да го редистрибуираат богатството, тоа не го прават затоа што се параноични. Го прават тоа затоа што се грижат за своите интереси.

Во Шок доктрина, Клејн објаснува како корпорациите профитирале со кризите ширум светот. Во книгата Ова менува се, таа тврди дека климатската криза може да користи како повик на широка домократска акција. На пример, кога во 2007 година торнадото уништи поглем дел од Гринсбург, град во Канзас, властите одбиле хиерархиски пристап на обнова во корист на напорите на локалната заедница, што го зголемило демократското учество и изградило нови, еколошко поадекватни јавни згради, денес Гринсбург е еден од најзелените градови во САД. За Клејн, овој пример илустрира како луѓето можат да ги искористат климатските промени за да заедно би изградиле општество кое е помалку штетно за околината. Тоа исто така може, и всушност мора да поттикне радикални промени во нашата економија: помала потрошувачка, намалена меѓународна трговија (прашање на релокализација на нашите економии) и помалку приватни инвестиции, а значајно поголеми државни вложувања за да би се создала инфраструктура потребна за зелената економија. Клејн вели: “Тоа подразбира поголема редистрибуција, за да поголем дел од нас би живеело удобно во рамките на можностите на планетата.”
 

 

 

Извор: pescanik.net

Превод: Попова

Оставете коментар