Пенкало кое ги поправа правописните грешки и лошиот ракопис

Еден од нив, компјутерскиот програмер Falk Wolsky, дошол до идеата кога увидел дека грешките во правописот на неговиот син може да се избегнат кога тој повеќе би се концентрирал во текот на пишувањето.

Заедно со Daniel Kaesmacher го изработиле прототипот на Lernstift. “Пенкалото за учење” работи на батерија која придвижува мали компјутери, а вграден е и WiFi чип. Сензорот за движења го детектира неуредниот ракопис и погрешно напишаните зборови кои потоа ги споредува со базата на податоци и вибрира доколку напишаните и правилните зборови не се поклопуваат.

Засега овој прототип препознава германски и англиски јазик, но доколку заземе голем интерес, иноваторите ветуваат дека со текот на времето би биле застапени и повеќе јазици.

Производот ќе може да се купи од оваа есен а цената ќе биде помеѓу 130 и 150 евра.

 

 

 

Оставете коментар