Горица Пеливанова од ДПМНЕ “тежи” 536.000 евра???

Граѓаните од општина Кавадарци осиромашуваат додека функционерите од ДПМНЕ се богатат

zoran-gjorgjiev„Граѓаните осиромашуваат, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат“ изјави на прес конференција претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев. Тој ја повика државната комисија за спречување на корупција да реагира и да ја провери имотната состојба на Пеливанова.

Додека лозарите се соочуваат со убедливо најтешката и најкатастрофалната година со откупот на грозје, претседателката на советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова, во својот анкетен лист пријавила три стана во Скопје и два стана во Кавадарци во вредност од 536.000 евра.Зоран Ѓорѓиев

Становите во Скопје се омилен начин на трупење на богатството на поединци од ВМРО-ДПМНЕ.

Според моменталната евиденција на катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два во Кавадрци. Прашањето е зошто Горица Пеливанова не ја пријавила промената на имотната состојба при продажбата на станот во Скопје чија вредност се проценува на околу 250.000 евра? Каде се завршени тие пари?Зоран Ѓорѓиев

Државната комисија за спречување корупција има законска обврска да ја провери имотната состојба на Пеливанова и да ако е потребно да превземе соодветни законски мерки.

Оставете коментар